Економија Поскапуваат дизелот и бензинот Еуросупер-95

Поскапуваат дизелот и бензинот Еуросупер-95

Одлуката за поскапувањето се образложува со пораст на референтните цени на светските берзи

Фото: Мета.мк

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), од полноќ по повисоки цени ќе се продаваат дизелот, екстра-лесното масло за домаќинство и бензинот Еуросупер-95. Еуросупер-98 ќе остане со истата цена.

Одлуката за поскапувањето се образложува со пораст на референтните цени на светските берзи.

За еден денар за литар ќе поскапат дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), а за половина денар ќе поскапи бензинот Еуросупер 95.

Цените на бензинските станици од полноќ ќе бидат следниве: Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 90,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 92,5 денари за литар, Еуродизел БС (Д-Е V) за 87 денари за литар, а екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 86 денари за литар. Мазут М-1 НС ќе се продава за 48,268 денари за килограм.