Македонија Посебен сообраќаен режим на улиците кои водат до градските гробишта „Бутел“

Посебен сообраќаен режим на улиците кои водат до градските гробишта „Бутел“

Во периодот од 6 часот, па се до доцните попладневни часови ќе има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до градските гробишта „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“, поради верскиот празник Задушница, соопштуваат од МВР.

Кон гробиштата „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива во една насока, односно кружно, што значи сите возила ќе се упатуваат по улицата Александар Урдаревски, потоа во продолжение по локалниот пат за село Мирковци и лево по улицата Боца Иванова до влезот на гробиштата. На излегување ќе можат да се движат само десно по улицата Боца Иванова, а потоа кон улицата Александар Урдаревски.

Сообраќајот кон и од гробиштата „Камник“ и „Ѓорче Петров“ ќе го регулира сообраќајна полиција, која ќе биде присутна на локалните сообраќајници.