Македонија Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека поради симулациска вежба во итна ситуација – земјотрес, насловена „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвен Крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата, што ќе се одржи утре во Градскиот парк во Скопје, ќе има посебен режим на сообраќај во главниот град.

Во периодот од 9 до 14 часот, ќе бидат затворени за сообраќај бул.„Илинден“ од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта 3-ти)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“, сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8 Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во хотелот Александар Палас.

Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.