Македонија Порталб: Двата парка кај автобуската станица во Тетово без редовно одржување (фото)

Порталб: Двата парка кај автобуската станица во Тетово без редовно одржување (фото)

Фото: Порталб.мк/Фисник Џелили

Општинските власти не ги одржуваат редовно Жена паркот и Скејтпаркот во Тетово. Тревата во двата парка не е искосена веќе извесно време, но има и отпадоци. Од јавното комунално претпријатие „Тетово“ велат дека ќе интервенираат во наредните денови, пишува Порталб.мк.

Иако ова се единствените зелени површини во Тетово, од фотографиите што ги направија новинарите на Порталб се гледа дека не се одржуваат. Граѓаните кои овие простори ги користат за спорт и рекреација се жалат дека не е прв пат парковите да бидат запоставени.

„Штета, секое утро излегувам и трчам овде и овие глетки се секојдневни. Наместо да се одржува како еден од единствените паркови во градот, ние дозволуваме негово уништување“, вели еден граѓанин.

„Со вака нарасната трева и ѓубре ова е сé, само парк не. Некогаш и чистев некој отпадок, но тоа не е моја работа. Тие што треба да чистат не го прават тоа“, вели друг граѓанин.

Вака изгледаат овие два парка денес:

Од друга страна, од јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ велат дека, според планот за работа, оваа зелена површина е на ред да се коси во текот на наредните денови.

„И двата парка редовно се одржуваат, но поради зголемување на обемот на работа во пролетната сезона има доцнења во одржувањето на зелените површини“, рекоа од ЈКП „Тетово“.

Вакви слики со години, систематски се присутни пред очите на тетовци. Општинските власти и понатаму немаат трајно решение за проблемот.

Иако во Оопштинското јавно претпријатие „Тетово“ има околу 200 вработени, но само околу 50 работат на чистење и одржување на градот, а останатите се ангажирани во администрација. Градоначалникот на Тетово неодамна најави дека наскоро ќе има ре-систематизација на работните места и дека претпријатието ќе се подели на две дирекции, водоснабдување и управување со отпад.