Свет Европа Порошенко: Украина за пет години ќе биде подготвена за влез во ЕУ

Порошенко: Украина за пет години ќе биде подготвена за влез во ЕУ

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека неговата земја во рок од пет години ќе ги исполни условите за членство во Европска унија.

Порошенко на самитот на ЕУ и на Украина во Киев истакнал дека Украина заслужува да биде интегрален дел од Унијата и дека членството во тој блок е клучната цел на неговата влада.

Патот на Украина кон ЕУ беше главниот камен на сопнување помеѓу поранешниот претседател Виктор Јанукович и демонстрантите кои почнаа протести, бесни бидејќи Јанукович го откажа потпишувањето на договорот за соработка и за асоцијација со ЕУ.