Македонија Сообраќајот прекинат на два патни правци, поради излевање на реките

Сообраќајот прекинат на два патни правци, поради излевање на реките

Водата од реката Поника се излеала на главниот пат Тетово – Јажинце, при што сообраќајот се одвива по едната коловозна лента, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

На влезот за село Долно Орашје, тетовско на патниот правец кој води од село Јегуновце кон село Радуша се излеала водата од Голема река, поради што патниот правец е во целосен прекин.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот.