Дописници Поранешниот евроамбасадор Фуере и годинава во Охрид за Водици

Поранешниот евроамбасадор Фуере и годинава во Охрид за Водици

Поранешниот амбасадор на Европската унија (ЕУ) во Македонија, Ерван Фуере, не ја напушта својата практика и своевидна лична традиција, за празникот Богојавление – Водици да биде гостин во Охрид.

И оваа година поранешниот амбасадор на ЕУ ќе биде дел од атрактивната манифестација, исполнета со бројни активности.

Фуере неколку години, освен што присуствуваше за Водици во Охрид, активно учествуваше и во пливањето до бурињата со вино и со ракија за Денот на рибарите кој се одбележува на 20 јануари. Тој неколкупати прв доплива до дрвеното буре со македонско црвено вино.