Хроника Поранешни сопружници се пријавувале еден со друг за семејно насилство

Поранешни сопружници се пријавувале еден со друг за семејно насилство

Во полициската станица во Радовиш вчера вечер било интересно – двајца поранешни сопружници се пријавувале еден друг за семејно насилство.

Радовишанката Л.Д. (45) околу 21 часот вчера пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг С.Д. (48) извршил семејно насилство врз неа. Мажот пак исто така во полиција пријавил семејно насилство и рекол дека Л.Д. првичн почнала кавга со него, а потоа во еден момент се обидела да го удри, по што го фатила за врат и го изгребала.

Полицијата работи на расчистување на случајот.