Македонија Поради загадувањето, распустот продолжен до утре

Поради загадувањето, распустот продолжен до утре

Поради зголеменото загадување на воздухот, зимскиот распуст на сите ученици од државните и приватните основни и средни училишта е продолжен до утре, соопшти заменик-министерот за образование Петар Атанасов.

Првиот работен ден во второто полугодие ќе биде среда.

Одлуката е донесена од Министерството за образование и наука во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

-Во овој период Владата, пред се Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство ќе ја следат состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу евентуално ново продолжување на зимскиот распуст – појасни Атанасов.