Свет Европа Поради тревога, ирски авион принудно слетал во Франција

Поради тревога, ирски авион принудно слетал во Франција

Ирската авиокомпанија „Ер Лингус“ на летот Даблин – Мадрид прогласи вонредна состојба и го пренасочи авионот на аеродромот во Бордо, соопштија од компанијата.

Авионот полетал во 7.16 часот по локално време, а требало да слета во Мадрид во 10.45 часот.

Како што се наведува, на летот пријавена е вонредна состојба додека летал над Франција.

Засега не се открива од која причина е прогласена вонредна состојба.