Економија Поради неквалитет БИХ годишно губи 200 милиони КМ

Поради неквалитет БИХ годишно губи 200 милиони КМ

Не воспоставува соодветен систем на инфраструктура за квалитетот според европските стандарди

Босна и Херцеговина годишно губи околу 200 милиони КМ бидејќи не воспоставува соодветен систем на инфраструктура за квалитетот според европските стандарди, за да може да пласира месо, млеко и млечни производи, јајца и мед, на пазарите во ЕУ, изјави директорот на Институтот за едукација на Надворешнотрговската комора на БИХ, Дуљко Хасиќ.

– БИХ и по 15 месеци по влезот на Хрватска во ЕУ, не е подготвена и способна да извезува производи, пред сè од животинско потекло, освен два производа – сурова кожа и свежа риба – истакна Хасиќ, додавајќи дека во областа на млекото и на млечните производи, годишните загуби изнесуваат повеќе од 60 милиони КМ.

Според неговите зборови, дошло до застој во одредување на соодветни тела на ниво на БИХ, кои ќе ги контролираат и даваат соодветни гаранции во врска со квалитетот, пред сè од аспект на здравствената исправност и контролата на овие видови на производи, кога се работи за комплетен хигиенски пакет во синџирот на ветеринарната, санитарната и фитосанитарната инспекција.