Македонија Поради магла, откажани неколку летови на аеродромот „Александар Велики“

Поради магла, откажани неколку летови на аеродромот „Александар Велики“

Намалената видливост од маглата го отежнува одвивањето на патниот и на авиосообраќајот во дел од земјава.
На аеродромот „Александар Велики“ утринските летови од Белград и од Истанбул до Скопје се откажани, а откажани се и летовите од Скопје.

Од АМСМ предупредуваат на намалена видливост од 30 до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и на планинскиот превој Ѓавато, а од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и Велес – Штип.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.