Македонија Поради магла, откажани и пренасочени летови од скопскиот аеродром

Поради магла, откажани и пренасочени летови од скопскиот аеродром

Сите летови од скопскиот аеродром „Александар Велики“ изминатата ноќ се пренасочени или откажани поради магла.

Седум лета биле пренасочени или на аеродромот во Охрид или, пак, на приштинскиот аеродром. Од „Александар Велики“ не полетал ниту авионот за Истанбул.