Македонија Поради магла, намалена видливоста на повеќе патни правци

Поради магла, намалена видливоста на повеќе патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта во земјата утрово се одвива без забрани, по претежно влажни коловози, информираат од Авто-мотосојузот на Македонија (АМСМ).

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 50 до 100 метри во Битола, Прилеп, Скопје, Куманово, Тетово, Кочани, Струмица, Гевгелија, Сарамзалино, Павлешенци, како и на патните правци Велес – Скопје и Велес – Штип.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание им се препорачува на возачите на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга и Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.