Македонија Поради магла, намалена видливоста на патните правци кај Маврово и кај Крушево

Поради магла, намалена видливоста на патните правци кај Маврово и кај Крушево

Поради појава на магла, намалена е видливоста до 10 метри на патиштата кај Маврово, а во Крушево видливоста е од 50 до 60 метри, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

На сите останати патишта во земјата, сообраќајот се одвива без забрани, по, на места, влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.