Македонија Попоски во Тирана на состанок на ПСЈИЕ

Попоски во Тирана на состанок на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Тирана.

Најавено е Попоски да има свое обраќање, во кое ќе ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на унапредување на регионалната соработка, особено во форматот на ПСЈИЕ.

Во рамките на состанокот, во присуство на високи претставници на Европска Унија и на генералниот секретар на РСС, се очекува да се потпише и заедничка изјава против какви било акти на тероризам.