Македонија Попоски се сретна со Батели, координаторот на набљудувачката мисија на ОБСЕ

Попоски се сретна со Батели, координаторот на набљудувачката мисија на ОБСЕ

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со Роберто Батели, координаторот на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ за предвремените парламентарни избори во Република Македонија, кој воедно е и специјален претставник за Западен Балкан на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ.

Министерството за надворешни работи соопшти дека Попоски ја истакнал важноста на набљудувачките мисии на изборите во Република Македонија, потенцирајќи ги позитивните искуства од надзорот на ОБСЕ на бројни изборни циклуси во минатото.

„На средбата, Попоски, информирајќи го гостинот за досегашното одвивање на предизборната кампања и активности, ја поздрави севкупната соработка со ОБСЕ, за што меѓу другото сведочи и успешната организација на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржа во Скопје, во септември 2016 година. Исто така, Попоски ја поздрави работата на Роберто Батели во зајакнувањето на дијалогот на ниво на парламентарната соработка, во неговото својство како специјален претставник за Западен Балкан на ПС на ОБСЕ“, се вели во соопштението од МНР.