Македонија Попоски на конференција за регионална соработка во Брисел

Попоски на конференција за регионална соработка во Брисел

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Брисел ќе учествува на конференцијата „Проширување, економски пораст и управување”.

Конференцијата, која ја организираат Советот за регионална соработка (СРС), Канцеларијата на Баден-Виртемберг на ЕУ и Европскиот фонд за Балканот, се одржува во рамки на денот на регионалната соработка.

Министерот Попоски ќе има свое обраќање, во кое ќе ја истакне потребата за унапредување на регионалната соработка и за интегрирање на сите земји од регионот во евроатлантските структури.