Македонија Попоски: Македонија по 16. пат ќе аплицира за членство во НАТО

Попоски: Македонија по 16. пат ќе аплицира за членство во НАТО

На денешната трибина за плановите на Македонија за членство во Северноатланската алијанса по самитот во Велика Британија, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, рече дека на крајот од месецов Македонија ќе аплицира по 16. пат за членство.

– Тоа е преседан. Ниту една држава досега не аплицирала за членство во НАТО 16 години по ред – истакнува Попоски.

Министерот за надворешни работи смета дека Грција во моментов едноставно не е заинтересирана за решавање на спорот и за преговорите.