Македонија Попоски и Хајндл разговарале за политичката криза и за евроинтеграциите

Попоски и Хајндл разговарале за политичката криза и за евроинтеграциите

Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, оствари средба со амбасадорот Јоханес Хајндл.

За време на средбата, како што соопштија од МНР, било разговарано за европските перспективи на Македонија, политичкиот дијалог за надминување на тековната криза, што треба да резултира со спроведување на избори, како и за последиците од британскиот референдум за напуштање на Европската Унија во поглед на нејзиното проширување.