Македонија Попоски и Даниелсон разговараа за изборите во Македонија

Попоски и Даниелсон разговараа за изборите во Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Европската комисија во Брисел се сретнал со генералниот директор на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон.

На средбата, како соопштија од МНР, меѓу другото, биле разменети мислења за европските перспективи, реформските приоритети, подготовките за изборниот процес и, во тој контекст, за идните чекори на Европската комисија.

Соговорниците се согласиле дека изборите на 5 јуни се од корист за затворање на политичката криза и за придвижување на ЕУ-агендата во преден план.