Македонија Попоски: Да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима

Попоски: Да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима

Успешното спроведување на изборите и огромната излезеност претставуваат аргументи во насока на повторно отворање на ЕУ-перспективите, им соопштил Никола Попоски на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, утринава на работен појадок.

– Неопходно да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима, но и за напредок кон преговори за членство во ЕУ. Ова носи одговорност за нас во Република Македонија сами да ги решаваме несогласувањата и да се посветиме на реформите, но носи и одговорност кон секој свесен политичар во ЕУ дека стабилна Европа минува преку стабилен Балкан, а Македонија е клучна за неговата стабилност – рече Попоски.

Попоски истакнал дека приоритетите за следниот период ќе бидат економијата, приближување со соседите и евро-атлантските интеграции.