Свет Поплавите однесоа 28 животи во Пакистан

Поплавите однесоа 28 животи во Пакистан

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 100.000 лица се загрозени од поплавите предизвикани од монсумските дождови во Пакистан, соопштија денеска хуманитарните агенции.

Европската канцеларија за хуманитарна помош соопшти дека во провинцијата Читрал, на северозападот на Пакистан, тешко се оштетени патиштата, мостовите и посевите.

Најсиромашната пакистанска провинција Балучистан, исто така, е тешко погодена.

Метеоролозите најавуваат силни дождови во текот на викендов, што би можело да предизвика нови поплави, но и лизгања на земјиштето во провинцијата Кибер Пантунква.