Свет Свет Поплави на Филипините, загинаа 41 лице

Поплави на Филипините, загинаа 41 лице

Обилните дождови што ги зафатија Филипините, предизвикаа големи поплави во кои бројот на загинати во последните неколку дена се искачи на 41 лице.

Сиромашната земјоделска заедница на главниот јужниот остров Минданао беше поплавена денеска откако две реки се излеајa од своите корита, соопштија локалните власти задолжени за итни случаи.

Бурата ослабе малку откако ги погоди Филипините минатата ноќ, но сепак и понатаму носи дожд на Минданао и на централните острови Висајас.

Ладните монсунски ветрови кои дуваат од североисток донесоа дожд во Лузон, главниот северен остров, каде земјоделската заедница беше потопена во поплавите што ги предизвика тајфунот Мелор претходно оваа недела.

Поради катастрофалните поплави, филипинската влада прогласи вонредна состојба во земјата, која има 100 милиони луѓе и во просек во годината ја погодуваат 20 тајфуни.