Дописници Поплавените штипјани добија пари од Владата

Поплавените штипјани добија пари од Владата

Настрадаа домовите во штипско Ново Село, а првите катови беа под вода во висина од над еден метар

117 домаќинства и 9 правни субјекти добија повеќе од два милиони и 600.000 денари обештетување од Владата, што е 15 отсто од претрпенaата штета, потврди Лазар Соколовски од општинската администрација.

По интензивните дождови минатата година, на 25 и на 26 февруари пукна земјената брана кај Пишица, по што водата се излеа од реката Брегалница. Настрадаа домовите во штипско Ново Село, а во дивата населба покрај реката, каде живеат ромски семејства, првите катови беа под вода во висина поголема од еден метар. Поради тоа 40 семејства беа евакуирани и привремено сместени на друго место. До денеска, домовите не се оспособени за живот.
Штипјани очекуваат исплата од уште едно невреме, од јуни 2013 година, и уште од три други во мај, јуни и јули оваа година. За разлика од февруарското невреме, кога директно беа загорзени животи и имот, оваа година главно беа поплавени посеви и насади со градинарски култури. Соколовски не верува дека Владата ќе исплати обештетување за овие поплави.