Македонија Поплавени куќи во кавадаречко Возарци

Поплавени куќи во кавадаречко Возарци

Невреме со поројни дождови го зафати кавадаречкото село Возарци, каде има поплавени куќи и подруми, јави МИА.

Претседателот на месната заедница, Зоран Силјанов информира за МИА дека во моментов трае извлекувањето на надојдената вода со пумпи, а интервенира територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Обилни врнежи од дожд  проследени со грмотевици ја зафатија Тиквешијата од доцна синоќа, а дождот сè уште паѓа.