Македонија Попладне облачно со дожд

Попладне облачно со дожд

Во Македонија денеска времето ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Претпладне облачноста ќе се зголемува и во попладневните и во вечерните часови ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и топло.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 километри на час. Понекаде во западните предели се очекува да дува умерен источен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне 7, односно 16 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно и нестабилно, со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде до 7 степени, а максималната дневна температура до 14 Целзиусови степени.