Дописници ПОПГМ: Власта знае дека е со изминат рок на употреба

ПОПГМ: Власта знае дека е со изминат рок на употреба

Во судската практика продолжува примената на двојни стандарди, реагирааат од Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

Според нив, потврда за тоа е одлуката за определување на мерката куќен притвор за претставниците на Левица. Целта, според нив е властите да ги заплашат граѓаните кои протестираат, но и да ја продлабочат поделбата на народот.

– Со ваквото постапување на судовите и на режимот на власт, кое го оценуваме како оркестрирано дејствување за да се спаси врхушката на власт, во овој случај и во случајот на насилните протести пред Општина Центар, за кој по речиси две години нема никаква одговорност, недвосмислено потврдуваат дека не ја заслужуваат довербата на граѓаните – се вели во партиското соопштение.

ПОПГМ повторно повикува на постојани и масовни мирни протести, бидејќи власта, која е во паника и веќе не може да ги држи во страв и во заложништво граѓаните на Македонија, знае дека е „власт со изминат рокот на употреба“.