Дописници ПОПГМ: Аргировски тргува со гласовите на пензионерите

ПОПГМ: Аргировски тргува со гласовите на пензионерите

Драгослав Аргировски, во својство на претседател на СЗПМ, грубо ги прекрши одредбите од Законот за здруженија и фондации кои се однесуваат на непартиско дејствување на здруженијата, како и статутот на СЗПМ, обвини Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

– Аргировски се обиде да тргува со гласовите на пензионерите и да го втурне СЗПМ во функција на изборна кампања, потпишувајќи „меморандум за соработка“ со ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред почнување на изборната кампања за вонредните избори закажани за 11 декември – соопштија од партијата.

Со потпишувањето „меморандум за соработка“ помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СЗПМ, според ПОПГМ, Драгослав Аргировски ја преминал црвенета линија и конечно го разобличил своето дејствување, со што испровоцирал револт и огорченост кај огромен број пензионери,особено што тој никогаш го немал монополот да се претставува како предводник на пензионерите во Република Македонија, се вели во соопштението на ПОПГМ.