Македонија Понеделник неработен за сите граѓани

Понеделник неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека понеделник, 8 јануари, ќе биде неработен за сите граѓани.

Според Законот за празниците, Божик, 7 јануари, е неработен ден за сите граѓани, но бидејќи годинава тој паѓа в недела, неработниот ден се поместува на понеделник.

Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните од православна вероисповед.