Македонија Положени цвеќиња пред споменикот на сесловенските просветители

Положени цвеќиња пред споменикот на сесловенските просветители

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и делегација на Советот на Град Скопје, денеска по повод државниот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, положија цвеќиња пред Споменикот на браќата на плоштадот Филип Втори.

Цвеќиња положија и делегација од Владата на Република Македонија, делегација од Собранието на Република Македонија, делегации на политички партии, Армијата на Република Македонија, локални самоуправи и здруженија на граѓани.