Свет Половина милион Сиријци се вратиле во своите домови

Половина милион Сиријци се вратиле во своите домови

Речиси половина милион бегалци од Сирија се вратиле во своите домови од почетокот на годинава, вклучувајќи и 440.000 внатрешно раселени лица и повеќе од 31.000 лица од соседните земји, соопшти денеска УНХЦР.

Повеќето се вратиле во Алепо, Хам, Хомс и во Дамаск, што наведува на заклучок дека дошло до подобрување на безбедносната ситуација во одредени делови од земјата, стои во соопштението.

– Ова е значаен тренд и значаен број – соопшти портпаролот на УНХЦР, Андреј Махечич, на прес-конференција во Женева.
Тој додаде дека повеќето Сиријци се враќаат за да ја проверат состојбата на својот имот и за да добијат информации за членови на своите семејства.