Главна секција Половина милион гласачи се спорни во избирачкиот список?

Половина милион гласачи се спорни во избирачкиот список?

Tочно 495.258 гласачи се спорни и треба да подлежат на дополнителна проверка, пишува во извештајот од вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и на 10 други институции, до кој дошла „Телма“.

Повеќе од 190.000 се евидентирани како фиктивни гласачи, односно, според извештајот, тоа се гласачи кои ги има во базата на податоци во МВР, но не се појавуваат во базите на другите инстиутции.

Според „24 Вести“, пак, од речиси половина милион имиња, кои се појавиле како спорни, 370.000 имаат валидни документи, а 123.000 лица се без валиден документ.

Членовите на ДИК вчера не се договирја да го изгласаат извештајот и најавија дополнителни проверки, по што ќе закажат седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.