Свет Европа Повеќе од 260.000 Австријци, потпишаа петиција за излегување од ЕУ

Повеќе од 260.000 Австријци, потпишаа петиција за излегување од ЕУ

Повеќе од 260.000 Австријци, потпишаа петиција за излегување на Австрија од ЕУ, па парламентот на оваа држава мора да покрене дискусија за евентуален реферндум на таа тема, пишуваат австриските медиуми.

Според австрискиот закон, дебатата за потенцијален референдум мора да се спроведе доколку ја побараат најмалку 100.000 луѓе.

Петицијата за потенцијален излез од ЕУ ја покрена Инге Рушер, која е пензионирана преведувачка. Таа и претходно се обидувала да ги добие потписите, но тогаш одзивот не бил голем.

Медиумите проценуваат дека поради кризата што ја потресе Грција, Австријците станале многу поскептични спрема ЕУ.

Сличен референдум се најавува и во Велика Британија за 2017 година, а го иницираше премиерот Дејвид Камерон.

Засега 38 проценти од Британците го поддржуваат излегувањето од ЕУ, додека 44 проценти се против напуштање на Унијата.