Свет Европа Полициски рации во Германија против осомничени приврзаници на ИД

Полициски рации во Германија против осомничени приврзаници на ИД

Германската полиција утринава врши рации во десет провинции против осомничени поддржувачи на терористичката организација Исламска држава.

Како што јавуваат германските медиуми, стотици полицајци извршиле претреси во повеќе од 200 станови и канцеларии, во сопственост на лидери и на поддржувачи на салафистичката групација „Вистинска религија“.

Од полицијата соопштуваат дека претресите почнале истовремено во земјата во 6.30 часот по локално време и биле извршени во западните делови на Германија и во Берлин.