Свет Европа Полициска операција во квартот Етербек во Брисел

Полициска операција во квартот Етербек во Брисел

Голема полициска акција се одвива во бриселскиот кварт Етербек, јавуваат белгиските медиуми.

Според очевидците, во квартот се распоредени околу 50 полицајци, меѓу кои има и припадници на единицата за деминирање и снајперисти.

Жителите во квартот се евакуирани, а на местото пристигнале и спасувачки служби.