Хроника Полицијата трага по малолетничка, грабната од улица во Скопје

Полицијата трага по малолетничка, грабната од улица во Скопје

Вчеравечер, околу 18.30 часот, во Скопје, на улицата Индира Ганди, лице со иницијали Џ.М. заедно со уште две непознати лица насилно внеле 14-годишно девојче во автомобил, марка „мерцедес“, и заминале во непознат правец, соопшти полицијата.

По преземените мерки, полицијата го пронашла „мерцедесот“ и ги привела С.А. (42) и Ш.М. (21), додека по Џ.М. и по девојчето сè уште се трага.