Хроника Полицијата лиши од слобода три лица за издржување затворски казни

Полицијата лиши од слобода три лица за издржување затворски казни

Секторот за внатрешни работи Скопје лиши од слобода три лица кои со судска одлука се бараат за издржување затворска казна.

Како што соопштија од МВР, Орхан А. (31) од Скопје се барал за издржување затворска казна во траење од три години и шест месеци за тешка кражба, а за исто такво дело бил баран и Нусрет М. (25), кој треба да издржи затворска казна од пет години и пет месеци.

Третиот уапсен, Аљи Б.(42), се барал за издржување едногодишна затворска казна за кражба.
Тројцата осуденици се спроведени во затворот во Идризово.