Хроника Полицијата го уапси Златко Арсовски-Бреза за да одлежи шестмесечна затворска казна

Полицијата го уапси Златко Арсовски-Бреза за да одлежи шестмесечна затворска казна

Полицијата го уапсила Златко Арсовски (37), познат како заштитениот сведок Бреза во случајот со убиството на старецот од Ореше, објави „Утрински весник“.

Бреза е спроведен во Затворот „Скопје“. Тој се бараше со судска наредба за издржување казна затвор во траење од шест месеци.

Арсовски беше осуден за давање лажен исказ во ноември минатата година. Нему му се судеше поради лажен исказ даден како сведок во процесот за случајот од Ореше.