Хроника Полицијата го пронајде исчезнатото девојче од Гази Баба

Полицијата го пронајде исчезнатото девојче од Гази Баба

Петнаесетгодишното девојче од Скопје кое било пријавено за исчезнато, било пронајдено и предадено на родителите, информираат од МВР.

Во вчерашниот билтен на полицијата пишуваше дека исчезнувањето на девојчето во полициската станица Гази Баба било пријавено од страна на нејзината сестра, според која, девојчето отишло на училиште и не се вратило дома.