Свет Европа Полицајци нападнати со нож пред Бакингемската палата

Полицајци нападнати со нож пред Бакингемската палата

Маж синоќа е уапсен во Лондон, откако нападнал полицајци пред Бакингемската палата.

Како што соопшти лондонската полиција, двајца полицајци се здобиле со полесни повреди додека го апселе осомничениот.

„Полицајците пред Бакингемската палата синоќа околу 20.35 часот по локално време сопреле маж кој поседувал нож. Двајца полицајци се полесно повредени во пределот на раката“, стои во полициското соопштение.

Засега нема информации за други апсења.

Пред Бакингемската палата синоќа беше зголемено присуството на полицијата, јави „Би-би-си“, додавајќи дека истрагата е во тек.

Британската кралица Елизабета Втора не била во палатата за време на инцидентот. Таа вообичаено во август е во својата резиденција во Шкотска, заедно со членовите на кралското семејство.