Македонија Полицаец повреден во судир меѓу камион и возило на МВР кај Католичка...

Полицаец повреден во судир меѓу камион и возило на МВР кај Католичка црква

Полициски службеник е повреден во сообраќајна несреќа што денеска, околу 13 часот, се случи на кружениот тек кај Католичката црква во Скопје, при судир на камион и на возило на МВР, соопштија за „Мета“ од СВР Скопје.

Од ударот полициското возило се превртело на коловозот од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, а во тек е увид на полицијата што треба да ги утврди околностите и причините за несреќата.

– Станува збор за сообраќајна несреќа меѓу товарно моторно возило, марка „ивеко“ со штипски регистарски ознаки и возило „пинцгауер“ на МВР. Од „пинцгауерот“ едно лице е повредено и веднаш е префрлeно во Ургетниот центар. Во тек e увидот на местото на несреќата – вели портпаролката на СВР Скопје, Лиза Бендевска.

Засега од МВР нема информации за карактерот на повредите на полицискиот службеник.