Македонија Полицијата вчера во Скопје казнила 222 возачи, од кои 60 за пречекорување...

Полицијата вчера во Скопје казнила 222 возачи, од кои 60 за пречекорување на брзината

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, информираат од МВР.

Полициските службеници вчера напишале 60 казни за пречекорување на дозволената брзина на движење и 17 прекршоци за технички неисправни и нерегистрирани возила. Исто така изречени се 23 мерки за возење без возачка дозвола. Воедно, санкционирани се 2 мотоциклисти.

Полицијата вчера изрекла 29 мерки за непрописно паркирање, едно возило е привремено одземено, како и 26 казни се напишани за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавија дека во наредните денови ќе продолжат со засилените акциски контроли. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.