Македонија Полицијата приведе крадец на велосипеди

Полицијата приведе крадец на велосипеди

При преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети, кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби

Фото: The image was posted by Pexels on Pixabay

Жител на кичевското село Зајас, С.Ј.(54), вчера бил уапсен од полицијата откако при преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети, кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби.

Од МВР информираат дека вчера од полициските службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициско одделение Зајас, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Ј. во Зајас.

„При претресот биле пронајдени и одземени: 12 велосипеди, 5 рамови од велосипеди, електромотор, како и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела тешки кражби и кражби. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштуваат од полицијата.