Свет Европа Покренато обвинение и против шестиот осомничен за тероризам во Париз

Покренато обвинение и против шестиот осомничен за тероризам во Париз

Белгиски судија денеска покрена обвинение и против шестиот осомничен за поврзаност со терористичките напади во Париз пред две недели, во кои 130 лица беа убиени, соопшти сојузниот обвинител.

Во соопштението се наведува дека, вчера во Брисел едно лице било приведено на сослушување и дека истражниот судија му одредил притвор и го обвинил за терористички напади и учество во активности на терористичката организација.

Брисел е во центарот на истрагатата за париските напади, бидејќи во тој град живееле двајца бомбаши-самоубијци.