Македонија Поевтинуваат горивата

Поевтинуваат горивата

Одлуката се образлага со намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка, како и со падот на курсот на денарот во однос на доларот

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на цените на горивата. Новите цени ќе бидат на сила по полноќ.

Одлуката се образлага со намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка, како и со падот на курсот на денарот во однос на доларот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,5 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,431 ден/кг и сега ќе изнесува 42,086 ден/кг.

Од 5.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 78,5 денари/литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 80,5 денари/литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 76 денари/литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 75,00 денари/литар

Мазут М-1 НС = 42,086 денари/килограм