Македонија Поевтинува бензинот Еуросупер-95

Поевтинува бензинот Еуросупер-95

Цените на останатите горива нема да се променат, а Еуросупер-95 ќе се продава по цена за два денара по литар поевтино од полноќ, односно ќе чини 87 денари за литар

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на цената на бензинот Еуросупер-95 на бензинските станици.

Цените на останатите горива нема да се променат, а Еуросупер-95 ќе се продава по цена за два денара по литар поевтино од полноќ, односно ќе чини 87 денари за литар.