Македонија Поднесено обвинение за инцидентот со новинар и снимател кај Росоман

Поднесено обвинение за инцидентот со новинар и снимател кај Росоман

Станува збор за инцидентот во јули кај Росоман кога беа нападнати новинар и снимател, а овој обвинителен предлог поднесен денеска е првиот случај по измените на Кривичниот законик, со кои напад на медиумски работници се смета како напад на службено лице

Фото: Мета.мк

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднело Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Станува збор за инцидентот во јули кај Росоман кога беа нападнати новинар и снимател, а овој обвинителен предлог поднесен денеска е првиот случај по измените на Кривичниот законик, со кои напад на медиумски работници се смета како напад на службено лице.

Обвинетиот, на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман, спречил новинари и сниматели да снимаат прилог за сообраќајна несреќа. Тој прво со агресивен тон и навреди се обратил кон снимател на Телевизија 24 и кон новинар на МРТ, а потоа со ногата удрил во сталакот на една камера и ја оштетил. На овој начин новинарите биле спречени во нивната работа и го прекинале снимањето, нагласуваат од Обвинителството.