Економија Почвата во поплавените подрачја може да се обработува

Почвата во поплавените подрачја може да се обработува

Здружението за земјоделска техника информира дека може да почне обработката на почвата во поплавените подрачја во околината на Скопје, со препорака да се почне со плитко орање.

На вчерашниот состанок на Здружението е заклучено дека се создадени услови за влегување на механизацијата во земјоделските површини, почнување со обработка и за подготовка за новата реколта 2016-2017 година.

Поплавените подрачја, според Здружението, во понатамошниот период почесто треба да ги посетуваат стручни лица од Агенцијата за земјоделство, кои на терен би им дале стручни совети и помош на земјоделците, бидејќи, укажуваат, секоја парцела сега претставува засебен случај сè додека не се нормализира за земјоделско производство.