Свет Почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“ во Иран

Почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“ во Иран

Во Иран почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“, обвинет за шпионажа, кој е во притвор веќе 20 месеци.

Џејсон Резаин, кој има американско и иранско државјанство, е обвинет за оддавање информации на „непријателски влади“.

Уредникот на „Вашингтон пост“ го опиша судењето како срамно и ја осуди одлуката судењето да не биде јавно.

Резаин би можел да биде осуден на затворска казна од 20 години.